top of page
Writer's pictureНикола Галевски

ВЕРНИК ИЛИ СЛЕДБЕНИК?

100+ пати сум го слушнал коментарот „голем верник е“. Не за мене. Знае да алудира на начија скромност и на чесност. Или баба која знае кога смее и не смее да се пере. А перењето не е споменато во Библијата.



Од Јуни до Септември кај Евангелска Црква (ЕЦ) Соулкрафт ја читавме и зборувавме за Исусовата "Проповед на Гората" која се наоѓа во 5та и 6та глава на евангелието според Матеј. Ептен незгодна проповед. Не сум проповедал за Проповедта до сега. Зборува за побожност, пари, пријателства, простување и слични минорни нешта. Незгодна е баш заради тоа. За Исус голема вера не е "некаде постои Бог" или божемеопрости "виша сила", значи да бидеш христијанин. А да се биде христијанин значи да се следи Исус Христос. Едноставно, најлесно и најтешко.


 

Кога го виде народот, Тој се искачи на гората. И штом седна, учениците Негови се приближија до Него.

 

Вака почнува "Проповедта на Гората". Народ кој беше воодушевен од Исус и учениците кои сакаа да слушнат што значи да се биде следбеник. Иако верата во Исус Христос е клучна, таа реално постои само ако оној кој себеси се нарекува христијанин ја живее преку спроведување на она што Исус го кажал. Од верата која подразбира само „Бог постои“ има многу малку ќар. Исто толку ќар колку од верувањето дека треба да се храниме здраво, дека треба редовно да вежбаме или дека е добро да се отиде на убав културен настан. Никаков ќар. Она што прави разлика е спроведувањето на она во кое веруваме.


Проповедам неколку месеци и се прашував "Дали само верувам дека ова што Исус го вели овде е добро или истото го живеам?" Затоа беше тешко. Зашто следбеништвото задира не само во она што верувам туку и кој сум јас.


Пасторска препорака: причитај ја Проповедта На Гората во евангелието според Матеј за да видиш дали си следбеник или недефиниран верник. Зашто најмалиот следбеник прави стопати поголема разлика од најголемиот верник.


Само уште два збора: верник или следбеник?

195 views0 comments

Recent Posts

See All

Comentarios


bottom of page