top of page
  • Writer's pictureНикола Галевски

ПОВИКАЈ ПРИЈАТЕЛ


Самоизолацијата исцрпува. Скопје не е истиоит град и не очекувам да биде. На чуден начин ми недоставуаат гужвите во сообраќајот. На наше Скопје ме потсетуваат само редовите надвор од продавниците. Ме потсетуваат на 80тите кога дедо ми чекаше млеко пред продавница од 3 часот наутро за јас и брат ми да можеме да го имаме. Следам вести и се надевам дека корона вирусот нема зголемени бројки. Пред месец дена бев на супер настан во организација на TedX Скопје. Ме едуцираа во однос на новите технологии, на машинското учење, вештачката интелигенција и јас си отидов воодушевен. Си реков - решението за толку многу човечки проблеми е на дофат.


Некоја недела подоцна и светот е во самоизолација. Короната тропна и влезе на голема глобална врата. Ни оствари желбата да не остават сите на раат и да бидеме сами некое време. Ќерка ми веќе попушта. Дисциплинирана е и станот го нема напуштено од распуштањето на училиштата. Сака и не сака назад во училиште. Сака и не сака дома. Ја фати сафра, сериозна сафра. Не фати сите.


Оваа мешавина на страв и сафра е тешка за поднесување. Не остава сами со себе и со милион прашања: ќе се зарази ли уште некој? некој од семејството? што е со старите? ќе има ли храна? до кога ќе трае? не, стварно, до кога ќе трае? вакцина? Милион прашања за животот, смртта и приоритетите.


Беспомошноста е тешка вреќа за носење. Но, токму во тие околности ние во очај погледнуваме нагоре, кон небото и го бараме Бог. А неговото ветување е:


 

Повикај ме во тежок ден; Јас ќе те избавам, и ти ќе Ме прославиш.

Псалм 50:15

 

Ова е Божјиот одговор на молитвата на еден човек во безизлезна ситуација. Бог кој сака да му се обратиме со секоја потреба и во секоја ситуација. Сега е моментот да застанеш и да се помолиш. Инаку, ќе заврши короната, ќе ни помине стравот и ќе бидеме преокупирани со многу поважни нешта од молитвата, од разговорот со Бог како каде на одмор? што ќе правиме викендов? и дали сме испаднале одлично на инстаграм?


Барајте го Христос во ова тешко време, повикајте го со свои зборови, искрено и без непотребни христијански фрази. Бог не знае нас и нашето срце и сака да му се обратиме за помош со секаква неволја - корона или друга.

145 views0 comments

Recent Posts

See All
bottom of page