top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

28: ВЛЕЗ ВО БОЖЈОТО ЦАРСТВО

Јован 3:1-21

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Јован 3:1-21

1 Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, началник јудејски. 2 Тој дојде кај Исус ноќно време и Му рече: „Рави! Знаеме дека си Ти учител, дојден од Бога, зашто никој не може да ги прави овие чуда што ги правиш Ти, ако Бог не е со него.“

3 Исус му одговори и рече: „Вистина, вистина ти велам: ако некој не се роди одозгора, не може да го види царството Божјо.“

4 Никодим Му рече: „Како може чо­век да се роди кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?“

5 А Исус му одговори: „Вистина, вис­тина ти велам: ако некој не се роди од вода и Дух, не може да влезе во цар­ството Божјо; 6 зашто, роденото од тело, е тело; а роденото од Дух, е дух. 7 Затоа, не чуди се што ти реков: вие треба да се родите одозгора. 8 Ветрот дува каде што сака и гласот негов го слушаш, но не знаеш од каде иде и на каде оди; така е со секој човек роден од Духот.“

9 Никодим Му одговори и рече: „Како може тоа да биде?“

10 Исус одговори и му рече: „Ти си учител во Израел, па тоа ли не го зна­еш? 11 Вистина, вистина ти велам: ние зборуваме за она што знаеме, и све­до­чи­ме за она, што сме виделе; а вие нашето сведоштво не го примате. 12 Кога за земни работи ви зборувам и не верувате, како ќе поверувате кога би ви говорел за небесните? 13 Никој не се искачил на небото, ос­вен Синот Човечки, Кој слезе од небото и Кој е на небото. 14 И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се из­диг­не и Синот Човечки, 15 та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. 17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него – нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Еди­но­родниот Син Божји. 19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја за­сакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли. 20 Зашто секој, што прави зло, ја мра­зи светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите де­ла (бидејќи се лукави). 21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.“

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page