top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

27: ИСУС ИМ СЕ ПОЈАВУВА НА АПОСТОЛИТЕ Е СЕ ВОЗНЕСУВА НА НЕБОТО

Лука 24:36-53

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Лука 24:36-53

36 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана сред нив и им ре­че: „Мир вам!“ 37 А тие, така збунети и уплашени, помислија дека гледаат дух.

38 Но Тој им рече: „Што се плашите и зошто такви мисли влегуваат во срцата ваши? 39 Видете ги рацете Мои и нозете Мои: Јас сум Истиот; допрете се до Ме­не и гледајте; зашто духот нема тело и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ 40 А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете.

41 Но, додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ 42 Тие Му дадоа парче печена риба и мед со саќе. 43 И кога зеде, јадеше пред нив.

44 Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.“ 45 Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, 46 и им рече: „Така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите на третиот ден, 47 и да биде проповедано во Негово име покајание и проштавање на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; 48 а вие сте сведоци за ова.

49 И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим, додека не се об­ле­чете во сила одозгора.“

50 И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете, ги благослови. 51 И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото; 52 тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. 53 И беа постојано во храмот, каде што Го прославуваа и благословуваа Бога.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page