top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

26: ИСУС ВОСКРЕСНА

Лука 24:1-35

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Лука 24:1-35

1 Во првиот ден на седмицата, многу рано, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси. 2 Но ја најдоа плочата иставена на гробот. 3 И кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. 4 И додека се чудеа на тоа, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во свет­ли облеки;

5 тие се уплашија од страв и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мрт­ви­те? 6 Тој не е овде, а воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Га­лилеја, 7 говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден на луѓе грешници и да биде распнат, и на третиот ден да вос­кресне.“

8 И се сетија на Неговите зборови. 9 Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесетте и на сите други. 10 А тие беа Марија Магдалена, и Јоа­на, и Марија Јаковова заедно со друг­и­те. Тие им го кажаа тоа на апостолите. 11 И нивните зборови им изгледаа ка­ко лага, и не им поверуваа. 12 Но Петар стана и отиде бргу до гробот, па кога се наведна, го виде внатре само повојот. И се врати, чудејќи се сам во себе заради она што се случи­ло.

13 Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше од­далечено од Ерусалим шеесет стадии. 14 И зборуваа меѓу себе за сите овие настани. 15 И додека расправаа и разговараа еден со друг, Самиот Исус се приближи и одеше со нив; 16 но очите им се замрежија за да не Го познаат.

17 А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што ги разменувате меѓу себе одејќи и зошто сте нажалени?“ 18 Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Единствен туѓинец ли си ти во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие дни?“

19 И го праша: „Што?“

Тие Му одгово­рија: „Она што се случи со Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред сиот народ; 20 дека нашите првосвештеници и управници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; 21 а ние се надевавме дека е Тој Оној што треба да го избави Израел; но и по­крај сето тоа, денес е веќе трет ден, от­како се случи ова.

22 А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот, 23 и не го нашле телото Негово; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­ге­ли и дека им кажале дека е Тој жив. 24 Отидоа на гробот и некои од на­шите и го најдоа истото она, како што рекоа жените; но Него не Го виделе.“

25 Тогаш им рече: „О, безумни! Ср­це­то ви е споро за да поверувате во сѐ што рекле пророците! 26 Не требаше ли така да пострада Христос и да влезе во Својата слава?“ 27 Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им зборуваше што е кажано за Него во целото Писмо. 28 И тие се приближија до селото во кое одеа; а Тој се направи како да сака да продолжи. 29 Но тие Го задржаа, велејќи: „Ос­та­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе и остана со нив. 30 А кога седеше со нив на трпеза, зе­де леб, го благослови, го прекрши и им подаде. 31 Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив.

32 И си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа срцата наши, кога ни зборуваше по патот и кога ни го објаснуваше Пис­мо­то?“ 33 Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани Еди­на­есетте и оние кои беа со нив, 34 каде што говореа дека Господ на­вис­тина воскреснал и му се јавил на Си­мон. 35И тие кажаа за она што им се случи по патот и како Го познаа, кога го пре­кршувал лебот.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page