top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

24: ИСУС Е ДРЕДАДЕН И СЕ СООЧУВА СО СУДЕЊЕ

Јован 18:1-19:16

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Јован 18:1-19:16

1 И штом го рече ова, Исус отиде со учениците Свои преку пото­кот Кедрон, каде што имаше градина, и во неа влезе Тој и учениците Негови. 2 А тоа место го знаеше и Јуда, кој сакаше да Го предаде, зашто Исус често се собираше со учениците Свои таму. 3 Тогаш Јуда, откако зеде една чета војници и слуги од првосвештениците и фарисеите, дојде таму со фенери, со светила и со оружје.

4 А Исус, знаејќи сѐ што ќе стане со Него, излезе и им рече: „Кого барате?“

5 Му одговорија: „Исус од Назарет!“

Исус им рече: „Јас сум.“ Со нив стоеше и Јуда, кој Го предаде. 6 А кога им рече: „Јас сум“ – тие се повлекоа назад и паднаа на земјата. 7 Тогаш пак ги праша: „Кого барате?“ А тие рекоа: „Исус од Назарет!“

8 Исус одговори: „Ви реков дека сум Јас; па, ако Ме барате Мене, оставете ги овие да си одат;“ 9 за да се изврши словото кажано од Него: „Од оние што си Ми ги дал, никого не загубив.“

10 А Симон Петар, кој имаше нож, го извади, го удри слугата на прво­свеш­те­никот и му го отсече десното уво. Име­то на слугата му беше Малх. 11 Но Исус му рече на Петар: „Стави го ножот во ножницата. Зар да не ја ис­пијам чашата што Ми ја даде Отецот?“

12 Тогаш четата и заповедникот, и слугите јудејски, Го фатија Исус и Го врзаа. 13 И Го одведоа најнапред кај Ана, зашто тој беше дедо на Кајафа, кој во таа година беше првосвештеник. 14 А Кајафа беше оној што ги посоветува Јудејците дека подобро е да умре еден човек за народот.

15 По Исус одеше Симон Петар и еден друг ученик. Тој ученик му беше познат на првосвештеникот, па влезе со Исус во дворот на првосвештеникот. 16 А Петар стоеше надвор, покрај портата. Другиот, пак, ученик, што му беше познат на првосвештеникот, изле­зе, ѝ рече на вратарката и го воведе Петар. 17 Тогаш слугинката вратарка му рече на Петар: „Да не си и ти од учениците на Овој Човек?“

Тој рече: „Не сум.“

18 А слугите и стражарите беа за­па­ли­ле оган и стоеја, па се грееја, зашто бе­ше студено. Со нив стоеше и Петар и се грееше.

19 Првосвештеникот, пак, Го праша Исус за учениците Негови и за Не­го­вото учење. 20 Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; Јас секогаш поучував по синагогите и во храмот, каде што секојпат се собираат Јудејците, и тајно ништо не сум зборувал. 21 Зошто Ме прашуваш Мене? Пра­шај ги оние кои слушале што сум зборувал; тие знаат што сум говорел.“

22 Кога Тој го рече тоа, еден од слу­ги­те, кој стоеше близу, Го удри Исус по образ и рече: „Така ли му одговараш на првосвештеникот?“

23 Исус му одговори: „Ако реков неш­то лошо, докажи го лошото; ако ли, пак, добро – зошто Ме удираш?“

24 Тогаш Ана Го прати врзан кај прво­свештеникот Кајафа.

25 А Симон Петар стоеше и се гре­еше. И му рекоа: „Да не си и ти од уче­ниците Негови?“

Тој порекна и рече: „Не сум.“

26 Еден од слугите на прво­свеш­те­ни­кот, што му беше роднина на оној кому Петар му го беше отсекол увото, рече: „Нели те видов и тебе во градината со Него?“ 27 А Петар пак порекна; и веднаш за­пеа петел.

28 И Го поведоа Исус од Кајафа во преторијата. Но беше утро, и тие не влегоа во неа, за да не се осквернат, за да можат да ја јадат Пасхата. 29 Тогаш излезе Пилат пред нив и ре­че: „За што Го обвинувате Овој Човек?“

30 Одговорија и му рекоа: „Ако Тој не беше злосторник, немаше да ти Го предадеме!“

31 А Пилат им рече: „Земете Го вие и судете Му според вашиот закон!“ Ју­деј­ците му рекоа: „Нам не ни е дозволено да погубуваме никого“, 32 за да се исполни зборот Исусов, што го рече, кажувајќи со каква смрт ќе умре.

33 Тогаш Пилат влезе во судницата, па Го повика Исус и Му рече: „Ти ли си Царот Јудејски?“

34 Исус му одговори: „Сам ли го збо­руваш тоа или други ти кажаа за Ме­не?“

35 Пилат одговори: „Та јас Јудеец ли сум? Твојот народ и првосвештениците Те предадоа на мене. Што си направил?“

36 Исус одговори: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле, за да не им бидам предаден на Јудејците; но царството Мое сега не е овде.“

37 А Пилат Му рече: „Ти, пак, Цар ли си?“

Исус одговори: „Ти велиш дека сум Цар. Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината; секој, кој е од вистината, го слуша гласот Мој.“

38 Пилат Го праша: „Што е тоа вистина?“ И кога го рече ова, излезе пак кај Јудејците и им рече: „Јас не наоѓам ни­каква вина во Него. 39 Но кај вас е обичај да ви пуштам по еден за Пасха. Сакате ли да ви Го пуш­там Царот Јудејски?“

40 И пак повикаа сите, велејќи: „Не Овој, туку Варава.“ Варава, пак, беше разбојник.

Јован 19:1-16

1 Тогаш Пилат Го зеде Исус и Го предаде да го камшикуваат. 2 Војниците сплетоа венец од трње, Му го кладоа на главата и Му облекоа багреница, 3 и велеа: „Те поздравуваме, Царе Јудејски!“ – и Го удираа по образите.

4 Пилат пак излезе надвор и им рече: „Еве, ви Го изведувам надвор, за да раз­берете дека не наоѓам во Него никаква вина.“ 5 Тогаш излезе Исус надвор, со трнов венец, и багреница. И им рече Пилат: „Еве Го Човекот!“

6 А кога Го видоа првосвештениците и слугите, завикаа и рекоа: „Распни Го, распни!“

Пилат им рече: „Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам во Него вина.“

7 Јудејците му одговорија: „Ние има­ме Закон и според нашиот Закон Тој треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.“

8 Кога го чу Пилат овој збор, уште повеќе се исплаши. 9 И пак влезе во преторијата и Му ре­че на Исус: „Од каде си Ти?“ Но Исус не му даде одговор. 10 Пилат Му рече: „Мене ли не ми од­говараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуш­там!?“

11 Исус одговори: „Ти не би имал ни­каква власт над Мене ако не ти беше дадено одозгора; затоа поголем грев има оној што Ме предаде на тебе.“

12 Оттогаш Пилат гледаше да Го пуш­ти. Но Јудејците пак викаа, зборувајќи: „Ако Го пуштиш Него, не си му пријател на цезарот. Секој што се прави цар, противник му е на цезарот.“

13 Штом го чу овој збор, Пилат Го из­веде Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Литос­тро­тон, а по еврејски Гавата. 14 Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!“

15 Но тие викаа: „Земи, земи, распни Го!“

Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?“

Првосвештениците одго­во­рија: „Ние немаме цар, освен це­за­рот.“

16 И тогаш им Го предаде за да биде распнат. И Го зедоа Исус, и Го поведоа.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page