top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

23: ИСУС ЗБОРУВА ЗА НЕГОВОТО ПРЕДАВСТВО И ЗА ЗАВЕТОТ

Матеј 26:17-30

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Матеј 26:17-30

17 А во првиот ден на празникот Бес­квасници пристапија кон Исус уче­ни­ци­те и Му рекоа: „Каде сакаш да ти при­гот­виме да јадеш Пасха?“

18 Тој им рече: „Одете в град кај тој и тој човек и кажете му: ‚Учителот вели: времето Ми наближи, кај тебе ќе ја про­славам Пасхата со учениците Свои.‘“ 19 Учениците постапија како што им заповеда Исус и ја приготвија Пасхата.

20 Кога се стемни, Тој седна на трпе­зата со дванаесетте. 21 И кога јадеа, им рече: „Вистина ви велам: еден од вас ќе Ме предаде.“

22 Тие многу се нажалија и секој од нив почна да Го прашува: „Да не сум јас, Господи?“

23 А Тој им одговори и рече: „Оној што макна со Мене од чинијата, тој ќе Ме предаде. 24 Синот, пак, Човечки, вистина си оди, како што е напишано за Него; но тешко му на оној човек преку кого Си­нот Човечки ќе биде предаден; подобро ќе беше за тој човек да не се беше ро­дил.“

25 А Јуда, што Го предаде, одговори и рече: „Да не сум јас, Рави?“

Му одгово­ри: „Ти рече.“

26 И кога јадеа, Исус зеде леб, го бла­гослови, го прекрши, и откако им го да­де на учениците, рече: „Земете, јадете, ова е Моето тело.“

27 И кога ја зеде чашата, заблагодари, им даде и рече: „Пијте од неа сите; 28 зашто ова е Мојата крв на Новиот завет, која се пролева за мнозина, за простување на гревовите. 29 И вам ви велам, зашто отсега нема да пијам од овој лозов плод сѐ до оној ден, кога ќе пијам нов со вас, во цар­ството на Мојот Отец.“

30 И откако испеаја благодарствена песна, се искачија на Маслиновата Го­ра.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

 Немаш Библија? Кликни тукa.

Авторски права 2023 Soulcraft. Сите права се загарантирани.

bottom of page