ГОЛЕМАТА
СЛИКА
21: ИСУС И ЧОВЕКОТ ОБЗЕМЕН ОД ДЕМОНИ
Марко 5:1-20
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Марко 5:1-20
1 Преминаа отаде море, во Гадаринската земја. 2 И кога Тој излезе од коработ, веднаш Го пресретна од гробиштата еден човек со нечист дух. 3 Тој живееше во гробовите, и дури и со вериги никој не можеше да го врзе; 4 зашто многупати беше во окови и во вериги врзан, ама ги кршеше оковите и ги раскинуваше веригите, и никој не можеше да го скроти; 5 и секогаш, ноќе и дење, по гробиштата и по ридиштата викаше и се удираше со камења.
6 Штом Го виде Исус оддалеку, притрча и Му се поклони. 7 Па, како извика со силен глас, рече: „Што имаш, Ти, со мене, Исусе, Сине на Севишниот Бог? Те заколнувам во Бога, не мачи ме!“ 8 Зашто му беше рекол: „Духу нечист, излези од човекот!“
9 И го праша: „Како те викаат?“
А тој одговори и рече: „Легија ми е името, зашто сме многу.“ 10 И многу Го молеа да не ги брка од тој крај.
11 А таму, по ридот, пасеше големо крдо свињи. 12 И Го молеа и велеа: „Прати нѐ во свињине, да влеземе во нив.“
13 И Исус веднаш им дозволи. Откако излегоа, нечистите духови влегоа во свињите, и јурнаа свињите по стрмнината во морето, а беа околу две илјади; и се издавија во морето.
14 А оние, што ги пасеа свињите, побегнаа и известија во градот и по околијата. И мнозина излегоа да видат што станало. 15 И дојдоа кај Исус, и го видоа бесомачниот како седи облечен, и со здрав ум, во кого имаше легија, и се уплашија. 16 А оние, кои беа виделе, раскажуваа што стана со обземениот од зол дух и со свињите. 17 И почнаа да Го молат да си оди од нивните краишта.
18 А кога влезе во коработ, оној, што беше порано бесомачен, Го помоли да биде со Него. 19 Исус не му дозволи, но му рече: „Оди дома кај своите, па раскажи им што стори Господ за тебе и како те помилува.“ 20 Си отиде, и почна да раскажува по Десеттоградието што му направи Исус. И сите се чудеа.
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?