top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

19: ИСУС И ПАРАЛИЗИРАНИОТ

Лука 5:17-26

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Лука 5:17-26

17 Еден ден, додека Тој поучуваше, се­деа таму фарисеи и законоучители, кои беа дошле од сите села на Галилеја и Ју­деја, и од Ерусалим; а Тој имаше сила Господова да лекува.

18 И, ете, некои донесоа на постела еден човек, што беше неподвижен, и са­каа да го внесат и положат пред Него; 19 па, бидејќи не најдоа место од каде да го внесат поради народот, се качија на куќата и преку покривот го спуштија сосе постела, насреде, пред Исус. 20 А Тој, штом ја виде верата нивна, рече: „Човеку, ти се простуваат гре­во­вите!“

21 Книжниците, пак, и фарисеите поч­наа да размислуваат и да велат: „Кој е Овој што хули на Бога? Кој може да ги простува гревовите, освен Единиот Бог?“

22 А Исус, кога ги разбра нивните по­мисли, им одговори и рече: „Што раз­мислувате во срцата свои? 23 Што е полесно да се каже: ‚Ти се прос­туваат гревовите‘, или да кажам: ‚Стани и оди?‘ 24 Но за да знаете дека Синот Чо­веч­ки има власт на земјата да ги простува гревовите.“ Му рече на неподвижниот: „Тебе ти велам: стани, земи си ја постелата и оди си дома!“

25 И тој веднаш стана пред нив и си го зеде она, на кое лежеше, па си отиде до­ма, славејќи Го Бога. 26 Ужас ги обзеде сите и Го славеа Бо­га; па, исполнети со страв, говореа: „Чудни работи видовме денес!“

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page