
ГОЛЕМАТА
СЛИКА
16: ИСУС Е СТАВЕН НА ИСПИТ
Матеј 4:1-11
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Матеј 4:1-11
1 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината за да биде искушуван од ѓаволот. 2 И откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи, најпосле огладне.
3 А кога се приближи до Него, искушувачот Му рече: „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови.“
4 А Тој му одговори и рече: „Напишано е – ‚Човек не живее само од леб, туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“
5 Тогаш ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на стреата од храмот 6 и Му рече: „Ако си Син Божји, скокни долу, зашто напишано е: ‚На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш ногата од камен.‘“
7 А Исус му рече: „Напишано е исто така – ‚Не искушувај Го Господ, Твојот Бог.‘“
8 Потоа ѓаволот Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава 9 и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш и ми се поклониш.“
10 Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‚На Господ, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!‘“
11 Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа.
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?