top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

15: КРШТЕВАЊЕТО НА ИСУС

Матеј 3; Јован 1:29-34

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Матеј 3; Јован 1:29-34

1 Во тие дни дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пус­тина 2 и говореше: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“ 3 Зашто ова е, навистина, Оној за Ко­го говореше пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној, што вика во пустината: ‚Пригответе го патот на Господ и ис­правете ги патеките Негови!‘“

4 А Јован носеше облека од камилски влакна и кожен појас околу слабините, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. 5 Тогаш од Ерусалим и цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај не­го 6 и се крштаваа од него во реката Јор­дан, исповедајќи ги своите гревови.

7 А штом виде Јован дека кај него до­аѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: „Рожби змиини! Кој ви кажа да бегате од гневот што иде? 8 Направете плод достоен за покаја­ние 9 и немојте да говорите во себе: ‚Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви ве­лам, и од овие камења да му подигне че­да на Авраам. 10 Секирата веќе лежи до коренот на дрвото: зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.

11 Јас ве крштавам со вода за покаја­ние, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги по­несам ни обувките; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. 12 Лопатата е во рацете Негови и Тој ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го при­бере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.“

13 Тогаш дојде Исус од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. 14 А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“

15 Но Исус му одговори и рече: „Ос­та­ви го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Јован се сложи.

16 И штом се крсти, Исус веднаш из­лезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Духот Божји како слегува како гулаб и се спушта над Не­го. 17 И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!“

Јован 1:29-34

29 На другиот ден Го виде Јован Исус како доаѓа кај него и рече: „Еве Го Јаг­нето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! 30 Овој е, за Кого реков: по мене иде Човек, Кој пред мене беше, бидејќи пос­тоеше пред мене. 31 Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за Тој да му биде објавен на Израел.“

32 И сведочеше Јован, велејќи: „Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана над Него. 33 Јас не Го познавав, но Оној, што ме прати да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз Кого ќе видиш дека слегува Духот и дека останува над Него, Тој е Оној што ќе крштава со Дух Свети.‘ 34 И јас видов и посведочив дека Овој е Божјиот Син.“

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

 Немаш Библија? Кликни тукa.

Авторски права 2023 Soulcraft. Сите права се загарантирани.

bottom of page