
ГОЛЕМАТА
СЛИКА
14: РАЃАЊЕТО НА ИСУС
Лука 1:26-38, 2:1-20
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Лука 1:26-38, 2:1-20
26 А во шестиот месец беше испратен од Бога ангелот Гаврил во галилејскиот град, по име Назарет, 27 кај една девојка. Таа беше свршена за маж по име Јосиф, од домот Давидов; а името на девојката ѝ беше Марија. 28 И кога влезе ангелот кај неа, рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе!“
29 А таа, штом го виде, се вознемири од зборовите негови и размислуваше што значи тој поздрав. 30 И ѝ рече ангелот: „Не плаши се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; 31 и ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус. 32 Тој ќе биде голем и ќе се нарече Син на Севишниот; и ќе Му го даде Господ Бог престолот на Неговиот татко Давид; 33 и ќе царува над домот Јаковов засекогаш, и царувањето Негово нема да има крај.“
34 А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа кога јас не знам за маж?“
35 Ангелот ѝ одговори и рече: „Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји. 36 Ете и Елисавета, твојата роднина, за која велат дека е неротка, и таа зачна син во староста своја; нејзе ѝ е веќе шести месец; 37 зашто кај Бога ниеден збор не останува невозможен.“ 38 Марија, пак, рече: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои!“ И ангелот си отиде од неа.
Лука 2:1-20
1 Во тоа време излезе заповед од царот Август за попис на сите жители. 2 Тоа беше прв попис за време на управувањето на Квириниј со Сирија. 3 И отидоа сите да се запишат, секој во својот град. 4 Па така и Јосиф, бидејќи беше од Галилеја, од градот Назарет, отиде во Јудеја, во градот Давидов, наречен Витлеем, бидејќи беше од домот и племето Давидово, 5 за да се запише со Марија, неговата свршеница, која беше тешка.
6 А кога беа таму, нејзе ѝ дојде времето да роди. 7 Го роди својот Син првенец, Го пови и Го положи во јасли, зашто за нив немаше место во гостилницата.
8 Во тој крај имаше пастири, кои ноќеваа таму и го чуваа своето стадо. 9 И одеднаш им пристапи ангел Господов и славата Господова ги осветли; и се уплашија многу. 10 А ангелот им рече: „Не плашете се! Еве, ви навестувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; 11 зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. 12 Ова ќе ви биде знак: ќе најдете повиен Младенец, кој лежи во јасли.“
13 И одеднаш со ангелот се јави многубројно небесно воинство, кое Го славеше Бога, велејќи: 14 „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“
15 Кога си отидоа ангелите од нив на небо, пастирите си рекоа меѓу себе: „Да појдеме во Витлеем и да го видиме претскажаниот настан што ни го соопшти Господ.“
16 И дојдоа брзо и ги најдоа Марија и Јосиф со Младенецот кој лежеше во јасли. 17 А штом го видоа, соопштија за претскажувањето што им беше речено за Тоа Дете. 18 И сите што слушаа се восхитуваа на она што им го говореа пастирите. 19 А Марија ги зачува сите тие зборови, сложувајќи ги во срцето свое. 20 И се вратија пастирите, славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ она што чуја и видоа, како што им беше речено.
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?