ГОЛЕМАТА
СЛИКА
12: ОТКУПУВАЊЕ НА ГРЕВОТ
Левитска 4:1-35
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Левитска 4:1-35
1 И уште му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Кажи им на синовите израелски: ако некој згреши пред Господ не сакајќи, против која и да било заповед Господова и изврши нешто, што не треба да прави, –
3 ако помазаниот свештеник згрешил и го обвинил народот, тоа за гревот свој, што го направил, нека Му принесе на Господ за гревот од крупниот добиток – теле без недостаток, 4 па откако ќе го доведе телето пред влезот од скинијата на собранието пред Господ, нека ја положи раката своја врз главата на телето и да го заколе телето пред Господ. 5 А помазаниот свештеник нека земе од крвта од телето, и нека ја внесе во скинијата на собранието. 6 И свештеникот нека го накваси прстот свој во крвта, и со крвта седумпати нека попрска пред Господ спрема завесата на светилиштето. 7 А потоа свештеникот со таа крв нека ги помаже роговите на жртвеникот, на кој се кади со благопријатен мирис пред Господ, Кој е во скинијата на собранието, а остатокот од крвта на телето нека го излее во подножјето на жртвеникот за жртви сепаленици, кој е кај влезот од скинијата на собранието. 8 И нека го извади сиот лој од телето за грев, лојот што ја покрива утробата и сиот лој што е на утробата; 9 и обата бубрега, и лојот што е на нив и на слабините, и кошулката на црниот дроб со бубрезите нека ги извади, 10 онака како што се вади тоа од теле за жртва за мир; и нека ги изгори свештеникот на жртвеникот за жртви сепаленици. 11 А кожата од телето со сето месо, со главата и со крајниците, утробата и нечистотијата, 12 целото теле нека го изнесат надвор од логорот на чисто место, каде што се истура пепелта, и нека го изгорат со оган на дрва; на местото, каде што се истура пепелта, нека се изгори.
13 А ако целата заедница на синовите израелски згреши, не сакајќи, а тоа се сокрие од собирот, па направат нешто што Господ забранил да се прави, и бидат виновни; 14 кога ќе се узнае гревот нивни, во што згрешиле, тогаш заедницата нека принесе здраво теле како жртва за гревот, и нека го доведат пред скинијата на собранието. 15 А старешините на заедницата нека положат раце врз главата на телето пред Господ, и да го заколат телето пред Господ. 16 А помазаниот свештеник нека внесе крв од телето во скинијата на собранието. 17 Потоа нека го натопи свештеникот прстот свој во крвта, и седумпати нека попрска пред завесата на светилиштето, 18 а од таа крв нека стави и на роговите од жртвеникот за кадење што е пред Господ во скинијата на собранието, додека сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за приноси, што е кај влезот од скинијата на собранието. 19 Сиот, пак, лој, откако ќе го извади од него, нека го изгори на жртвеникот. 20 И со тоа теле да направи онака како што прави со телето за грев – така нека направи со него; и така свештеникот ќе ги очисти, и гревот ќе им се прости. 21 А телето цело нека го изнесат од логорот, и нека го изгорат како и првото теле; тоа е жртва за гревот на целиот народ.
22 Ако згреши главатар и направи, не сакајќи, нешто што Господ Бог забранил да се прави, виновен ќе биде. 23 А кога ќе узнае во себеси за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе за жртва козел, без недостаток. 24 И нека ја стави раката своја врз главата на козелот и нека го заколе на она место, каде што се колат жртвите сепаленици пред Господ; тоа е жртва за грев. 25 И нека земе свештеникот крв од жртвата за грев и со прстот свој нека ги намачка роговите на жртвеникот за сепаленици; а сета друга крв негова нека ја излее во подножјето на жртвеникот за сепаленици. 26 А сиот лој нека го изгори на жртвеникот како и лојот од жртвата за мир; и така ќе го очисти свештеникот од гревот негов, и ќе му се прости.
27 И ако некој од народот згреши и не сакајќи направи нешто што Господ забранил да се прави, виновен е. 28 Кога ќе узнае, пак, за гревот свој што го направил, тогаш нека принесе дар свој – коза од козите свои, без недостаток, поради гревот што го направил; 29 и нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, и нека се заколе козата како жртва за грев на местото, каде што се колат жртвите сепаленици. 30 Потоа нека земе свештеникот крв од неа на прстот свој и нека ги помаже роговите на жртвеникот за сепаленици: а сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот. 31 И сиот лој од неа нека го извади како што се вади лојот од жртвата за мир, и нека го изгори свештеникот на жртвеникот за пријатен мирис пред Господ; и така ќе го очисти свештеникот, па ќе му биде простено.
32 Ако принесува жртва за грев јагне, нека донесе женско и без недостаток. 33 И нека ја стави раката своја врз главата од жртвата за грев, па нека ја заколе поради гревот на она место, каде што се колат жртвите сепаленици. 34 И свештеникот нека земе крв од жртвата за грев и со прстот свој со неа нека ги намачка роговите на жртвеникот, на кој се гори жртвата; а сета друга крв нека ја излее во подножјето на жртвеникот за сепаленици. 35 И сиот лој нека го извади, како што се вади лојот од јагне за жртва за мир; и нека го изгори свештеникот врз жртвеникот како жртва Господова; и така свештеникот ќе го очисти од гревот негов, што го направил, и ќе му се прости.“
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?