top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

08: БОЖЈИОТ ЗАВЕТ СО АВРААМ

Создавање 12:1-8, 15:1-6, 17:1-7

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Создавање 12:1-8, 15:1-6, 17:1-7

1 И му рече Господ на Аврам: „Излези од својата земја, и од родот свој, и од домот на татко си, па појди во земјата што ќе ти ја покажам Јас! 2 А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам, и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен. 3 Ќе ги благословам оние, што тебе ќе те благословуваат, и ќе ги проколнам оние, што тебе ќе те проколнуваат и преку тебе ќе бидат благословени сите народи на земјата.“

4 Тогаш тргна Аврам, како што му ка­жа Господ, а со него појде и Лот. Аврам имаше седумдесет и пет години кога излезе од Харан. 5 И ги зеде Аврам Сараја, жената своја, и Лот, братанецот свој, со целиот имот што го беа спечалиле, и слугите што ги беа придобиле во Харан, па из­легоа за да отидат во земјата хананска. 6 И Аврам ја помина таа земја до мес­тото Сихем, кај светото дрво во Мамре; а тогаш во таа земја живееја Хананци.

7 И му се јави Господ на Аврам и му рече: „Оваа земја ќе му ја дадам на тво­ето потомство.“ И му подигна таму жртвеник на Господ, Кој му се јави. 8 Потоа оттаму тој замина кон планината, на исток од Ветил, и таму го распна шаторот свој; и Ветил му беше од запад, а Гај од исток; и таму Му подигна на Господ жртвеник, и го призва името Господово.

Создавање 15:1-6

1 По оние настани беше упатено слово Господово кон Аврам во видение: „Не плаши се, Авраме! Јас сум ти закрила, и наградата твоја ќе биде многу голема.“

2 А Аврам рече: „Господи, зошто ми се Твоите дарови кога сум без пород, а наследник во мојата куќа е Елиезер од Дамаск?“ 3 И пак рече Аврам: „Бидејќи, Ти не ми даде потомство, ете, затоа еден од слугите родени во куќата моја, ќе биде мој наследник.“

4 Но Господ пак проговори: „Нема тој да ти биде наследник, туку оној, кој ќе произлезе од тебе, тој ќе ти биде нас­ледник.“ 5 Па го изведе надвор и му рече: „Погледни на небото и изброј ги ѕвез­дите, ако можеш да ги изброиш.“ И му рече: „Толкаво ќе биде потомството твое.“

6 И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност.

Создавање 17:1-7

1 Аврам имаше деведесет и девет години кога му се јави Господ и му рече: „Јас сум Ел-Шадај – Бог семоќен, чекори по Мојот пат и биди непорочен! 2 И ќе склучам завет меѓу Мене и тебе, и многу, премногу ќе те раз­множам.“

3 Аврам падна ничкум. А Бог про­должи да му говори и му рече: 4 „А ова е заветот Мој со тебе: ќе станеш татко на многу народи. 5 Затоа повеќе нема да се викаш Аврам, туку името ќе ти биде Авраам, бидејќи ќе те направам татко на многу народи; 6 и многу, премногу ќе те умножам, и ќе издигнам од тебе многу народи, и цареви ќе произлезат од тебе.

7 И ќе го поставам заветот Мој меѓу Мене и тебе и меѓу твоите потомци по тебе во нивните родови; ќе направам завет вечен, и ќе ти бидам Бог тебе и на потомците твои по тебе.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page