ГОЛЕМАТА
СЛИКА
07: БОЖЈИОТ ЗАВЕТ СО НОЕ
Создавање 8:15 -9:17
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Создавање 8:15 -9:17
15 Тогаш му рече Бог на Ное: 16 „Излезете од ковчегот, ти, жената твоја, синовите твои, и жените на синовите твои; 17 изведи ги со себе и сите животни, што се со тебе, од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата; нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!“
18 И излегоа Ное, синовите негови, жената негова, и жените на синовите негови; 19 сите животни и сите лазачи, сите птици – сѐ што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ковчегот.
20 И Му направи Ное жртвеник на Господ; и зеде од секој чист добиток и од сите чисти птици, и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици. 21 И Господ го почувствува пријатниот мирис, па рече во срцето Свое: „Нема повеќе да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини и нема повеќе да ги уништувам живите суштества, како што направив. 22 Отсега, па сѐ дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите.“
Создавање 9:1-17
1 Тогаш Бог го благослови Ное и синовите негови, и им рече: „Плодете се и множете се, и полнете ја земјата! 2А сите земни животни и сите небески птици, и сѐ што лази по земјата, и сите морски риби да се плашат од вас: во ваши раце се предадени. 3 Сѐ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сѐ ви давам, како што ви ги бев дал зелените билки. 4 Само не смеете да ги јадете живите суштества додека во нив има душа, односно крв!
5 А за вашата крв, во која е вашиот живот, ќе барам сметка; од секој ѕвер ќе ја барам; ќе ја барам, исто така, душата човечка од раката на човек, од раката на братот негов; 6 кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе се пролее од човечка рака; зашто човекот е создаден според образот Божји. 7 Вие, пак, плодете се и множете се; ширете се на земјата и наполнете ја!“
8 И му рече Господ на Ное и синовите негови со него, велејќи: 9 „А Јас, еве, го поставувам заветот Мој со вас и со вашето потомство по вас, 10 и со секоја жива душа, која е со вас, со птиците, и со добитокот, и со сите земни ѕверови, што се со вас, со сѐ она што излегло од ковчегот, со сите земни животни; 11 го поставувам заветот Мој со вас дека отсега нема веќе ниедна плот да загине од потоп и дека повеќе не ќе има потоп да ја запустува земјата!“
12 И рече Бог: „Еве го знакот на заветот, што го поставувам меѓу Мене и вас и меѓу секоја жива душа, која е со вас, за сите идни поколенија: 13 божилак Свој поставувам во облакот, за да биде знак на заветот меѓу Мене и земјата. 14 Па кога облак ќе навеам на земјата, ќе се појави божилакот во облакот, 15 и ќе си спомнам за заветот Мој, кој е меѓу Мене и вас и меѓу секоја душа, што живее во плот; и нема веќе да има потоп за да ја уништи секоја плот. 16 Божилакот ќе биде во облакот, и Јас ќе го видам и ќе си спомнам за вечниот завет меѓу Бога и меѓу секоја жива душа во секоја плот, што е на земјата.“ 17 И му рече Бог на Ное: „Тоа е знакот на заветот, што го поставив меѓу Мене и меѓу секоја плот, што е на земјата!“
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?