top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

06: БОГ ГИ СПАСУВА НОЕ И НЕГОВАТА ФАМИЛИЈА

Создавање 6:9 – 8:14

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Создавање 6:9 – 8:14

9 Еве го животот на Ное: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше според Божјата волја. 10 И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет.

11 А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда. 12 И погледна Бог на земјата, и ете – таа беше расипана: бидејќи секое суш­тество беше се отклонило од својот пат на земјата. 13 И му рече Бог на Ное: „Крајот на секое суштество дојде пред очите Мои, зашто земјата се исполни со нивните злодела; и, еве, Јас ќе ги истребам од земјата.

14 Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер, и направи прегради во ков­чегот; потоа намачкај го со смола од­нат­ре и однадвор. 15 А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти. 16 Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен.

17 Јас ќе пуштам потоп, вода, на земјата, за да го истребам под небото секое суштество, во кое има животен дух; сѐ, што е на земјата, ќе изгине. 18 Но со тебе Јас ќе направам Свој завет, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои. 19 И внеси во него исто така од сите животни, од секое суштество да има по две, за да останат со тебе во живот; од машки и од женски пол да бидат. 20 Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род – од сите по две ќе влезат при тебе, за да останат живи. 21 И земи со себе секаква храна, со каква што се хранат, и чувај ја кај себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!“

22 И направи Ное сѐ како што му заповеда Бог; така направи.

Создавање 7:1-24

1 И му рече Господ на Ное: „Влезете во ковчегот ти и целото твое семеј­ство, бидејќи ти си единствениот праведен пред Мене во овој род, 2 и земи со себе од секое чисто животно по седум од машки и женски пол, а од нечистите животни – по две, машки пол и женски пол; 3 исто така и од небеските птици по седум, од машки и од женски пол, за да им се зачува родот нивни по целата земја. 4 Зашто по седум дена ќе пуштам дожд на земјата, што ќе се излива четириесет дена и четириесет ноќи, и ќе го истребам од земјата секое суш­тество, што сум го создал.“

5 И Ное направи сѐ што му заповеда Господ.

6 А Ное имаше шестотини години ко­га се случи потопот на земјата. 7 И влезе Ное во ковчегот, и синовите негови, и жената негова, и жените на синовите негови со него, заради водениот потоп. 8 И од чистите и од нечистите животни, и од птиците и од сѐ што се влечеше по земјата, 9 влегоа кај Ное во ковчегот по две, машко и женско, како што Бог му заповеда на Ное. 10 А по седмиот ден дојдоа водите од потопот на земјата.

11 Во шестотата година од животот на Ное, во вториот месец од таа година, седумнаесеттиот ден од месецот, во тој ден бликнаа сите извори на големата бездна и се отворија окната небески; 12 и се лиеше дожд на земјата че­тириесет дена и четириесет ноќи.

13 Во истиот ден во ковчегот влегоа Ное, неговите синови Сим, Хам и Јафет, и жената Ноева, и трите жени на синовите негови со нив. 14 Тие, и сите ѕверови според родот нивни, и добитокот според неговиот род, и сите гадинки, што се влечеа по земјата, според нивниот род, и сѐ што лета, според родот негов, сите птици и сѐ што има крилја, 15 влегоа во ковчегот кај Ное по две од секое суштество, во кое имаше животен дух; 16 и тие што влегоа, машки и женски пол влегоа од секое суштество, како што му беше заповедал Бог. Потоа Господ го затвори ковчегот однадвор.

17 Натопувањето на земјата потраја четириесет дена; водата надојде и го подзеде ковчегот; и тој се крена од земјата; 18 водата се засилуваше многу и се умножуваше на земјата, а ковчегот пловеше по површината на водата. 19 И нарасна водата на земјата толку многу, што ги покри сите високи планини, какви што има под целото небо; 20 петнаесет лакти се издигаше водата над планините, откако ги покри. 21 Тогаш го изгуби животот секое суштество што се движеше по земјата: и птиците, и добитокот, и ѕверовите, и сите лазачи, што се влечат по земјата, и сите луѓе; 22 сѐ, што на копното имаше здив во ноздрите свои, изумре. 23 И се истреби секое суштество, што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците небе­ски – сѐ беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот. 24 А водата беше над земјата сто и педесет дена.

Создавање 8:1-14

1 И си спомна Бог за Ное, и за сите ѕверови и за сиот добиток, што беа со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на земјата, и водите запреа. 2 Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небото престана. 3 Водата почна постепено да опаѓа на земјата, и по сто и педесет дена намали. 4 И се запре ковчегот во седмиот ме­сец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат. 5 Водата, пак, опаѓаше постепено до десеттиот месец; и во првиот ден од десеттиот месец се покажаа врвовите на планините.

6 А по четириесет дена го отвори Ное прозорецот на ковчегот, што го беше направил. 7 И пушти гавран, кој откако одлета, полетуваше и долетуваше додека не се исуши земјата од водата. 8 Потоа пушти гулаб, за да види дали исчезнала водата од површината на земјата; 9 но гулабот, бидејќи не најде каде да застане со своите нозе, се врати кај него во ковчегот, зашто уште имаше вода по целата земја; и Ное ја спружи раката, го фати и го зеде кај себе во ковчегот. 10 Почека уште други седум дена, и повторно го пушти гулабот од ковчегот. 11 Гулабот се врати кај него приквечер; и ете, во клунот свој тој имаше свеж маслинов лист; и Ное разбра дека се повлекла водата од земјата. 12 Потоа почека уште седум дена, и го пушти гулабот, а тој повеќе не му се врати.

13 Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот на ковчегот, погледна и виде дека површината на земјата беше поисушена. 14 А на дваесет и седмиот ден од вториот месец, земјата беше сува.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

 Немаш Библија? Кликни тукa.

Авторски права 2023 Soulcraft. Сите права се загарантирани.

bottom of page