top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

04: БОЖЈИТЕ КЛЕТВИ

Создавање 3:14-24

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Создавање 3:14-24

14 На змијата, пак, ѝ рече Господ Бог: „Затоа што си го направила тоа, про­к­лета да си меѓу сите животни и сите полски ѕверови; помешечки ќе се влечеш и прав ќе јадеш сѐ до крајот на својот живот! 15 И ставам непријателство меѓу тебе и жената и меѓу родот твој и породот нејзин. Тој ќе ти ја смачкува главата, а ти ќе го каснуваш во петата.“

16 А на жената ѝ рече: „Кога ќе бидеш бремена, ќе ти ги умножам и преумножам маките; со болки ќе раѓаш деца, и ќе се приклониш кон мажот свој, и тој ќе ти биде господар!“

17 Па потоа му рече на Адам: „Би­дејќи ја послуша жената твоја и вкуси од дрвото, од кое ти забранив и реков: – не јади од него – затоа земјата нека биде проклета за тебе; со мака ќе се храниш од неа сѐ до крајот на својот живот; 18 трње и бодлики ќе ти раѓа; и ти ќе јадеш трева полска. 19 Со пот на лицето свое ќе јадеш леб, сѐ дури не се вратиш во земјата, од која си земен; зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“

20 Адам ја нарече својата жена Ева, бидејќи таа стана мајка на сите живи. 21 А Господ Бог им направи на Адам и на неговата жена облеки од кожа, и ги облече во нив.

22 И Господ Бог рече: „Ете, Адам стана како еден од Нас, знаејќи што е добро и што е зло; но сега, да не ја испружи раката своја и да земе пак од дрвото на животот, и да вкуси, па да заживее вечно!“ 23 Тогаш Господ Бог го изгони од Едем­ската градина, за да ја обработува земјата, од која беше земен. 24 Откако, пак, го изгони Адам, по­с­та­ви на исток пред градината Едем хе­рувим и огнен меч, кој се вртеше и натаму и наваму, за да го пазат патот кон дрвото на животот.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page