top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

03: МАЖОТ И ЖЕНАТА ЈАДАТ ОД ОВОШЕТО

Создавање 3:1-13

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Создавање 3:1-13

1 Но змијата беше полукава од сите ѕверови полски, што ги создаде Господ Бог; па ѝ рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол да не јадете од ниедно дрво во рајот?“

2 А жената ѝ рече на змијата: „Ние јадеме род од секое дрво во рајот; 3 – само од родот на она дрво среде рајот, – рече Бог, – не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете!“

4 Тогаш змијата ѝ рече на жената: „Не, нема да умрете! 5 Но Бог знае дека оној ден кога ќе вкусите од него, ќе ви се отворат очите, па ќе станете како богови и ќе знаете што е добро, а што зло.“

6 Кога жената, виде дека родот на дрвото е добар за јадење, и убав на изглед, и дека дрвото е пожелно поради тоа што дава знаење, набра род од него и го изеде, па му даде и на мажот свој, та и тој јадеше. 7 Тогаш им се отворија очите на обајцата, и разбраа дека се голи; па исплетоа лисја од смокви и си направија опашала.

8 Тогаш го чуја гласот на Господ Бог, кога Тој одеше низ рајот во времето на дневниот ветрец; и се сокрија Адам и неговата жена меѓу рајските дрвја. 9 Но Господ Бог го повика Адам и му рече: „Каде си?“

10 А тој одговори: „Го чув одењето Твое низ рајот, па се уплашив, бидејќи сум гол, и се сокрив.“

11 И Тој рече: „Кој ти кажа дека си гол? Да не си јал од она дрво, од кое ти забранив да јадеш?“

12 Адам, пак, рече: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде плод од дрвото, и јас јадев.“

13 Тогаш Господ Бог ѝ рече на же­ната: „Зошто го направи тоа?“ Жената одговори: „Змијата ме измами, и јас јадев.“

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page