
ГОЛЕМАТА
СЛИКА
02: БОГ СОЗДАВА МАЖ И ЖЕНА
Создавање 2:4-24
ЗАПОЧНУВАЊЕ
15-20 МИН
РАЗГОВОР
-
За што си благодарен?
-
Што ти причинува стрес?
-
Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?
РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)
-
Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.
-
Што направи поразлично поради оваа приказна
-
Кому му кажа и каква беше нивната реакција?
ПОДЛАБОКО
30-40 МИН
ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ
-
Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.
-
Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.
Создавање 2:4-24
4 Ете така настанаа небото и земјата, во она време кога Господ Бог ги создаде земјата и небото.
5 А уште не беа никнале полски грмушки и земни тревки, зашто Господ Бог уште не праќаше дожд на земјата, ниту, пак, имаше човек кој ќе ја обработува земјата, 6 но се креваше пара од земјата и ја оросуваше површината на целата земја. 7 И Господ Бог го создаде човекот од земен прав и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа.
8 И Господ Бог насади рајска градина на исток; и таму го насели човекот што го создаде. 9 И Господ Бог направи да израстат од земјата секакви дрвја, убави за гледање и добри за јадење, и дрвото на животот среде рајот, и дрвото за познавање на доброто и злото.
10 Од Едем извираше река за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше на други четири реки. 11 Името на едната е Пишон; таа тече околу целата Хевилска земја, каде што има злато. 12 Златото на таа земја е добро; таму има и бделиум и камен оникс. 13 А на втората река името ѝ е Гион; таа тече околу целата земја Куш. 14 Името, пак, на третата река е Тигар; таа тече на исток од Асирија. Четвртата река е Еуфрат.
15 И го зеде Господ Бог човекот, го насели во Едемската градина, за да ја обработува и да ја чува. 16 И му заповеда Господ Бог на човекот, велејќи: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, 17 освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“
18 И Господ Бог рече: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него!“ 19 Тогаш Господ Бог ги создаде од земјата сите полски животни, и сите небески птици, и ги доведе кај човекот за да види како ќе ги нарече тој, па, како што човекот ќе го нарече секое живо суштество, така да му биде и името. 20 И им даде човекот имиња на сиот добиток, и на небеските птици, и на сите полски ѕверови; но за човекот не се најде помошник, сличен на него.
21 Затоа Господ му прати на човекот длабок сон; па кога заспа, му извади едно ребро, и местото го пополни со месо. 22 Од реброто, што го зеде од човекот, Господ Бог создаде жена и ја доведе кај човекот.
23 А човекот рече: „Еве тоа е коска од моите коски, и плот од мојата плот. Нека ѝ биде името жена, зашто е земена од мажот!“
24 Затоа човекот ќе ги остави татко си и мајка си и ќе се прилепи кон жената своја; и ќе бидат едно тело.
ПРАШАЊАТА
-
Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?
-
Што стихот кажува за луѓето?
ЛИЧНА ПРИМЕНА
15-20 МИН
-
Според ова проучување, што правам добро?
-
Што треба да променам / исполнам?
-
Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?
-
Кого можам да поканам на проучување на Библијата?