top of page

ГОЛЕМАТА

СЛИКА

01: БОГ СОЗДАВА

Создавање 1:1-25

ЗАПОЧНУВАЊЕ

15-20 МИН

РАЗГОВОР

  • За што си благодарен?

  • Што ти причинува стрес?

  • Кому му е потребна нашата помош и како можеме да им помогнеме?

РАЗМИСЛИ ЗА ПРЕДХОДНАТА (сесија 2+)

  • Повторно раскажи ја приказната од минатата средба.

  • Што направи поразлично поради оваа приказна

  • Кому му кажа и каква беше нивната реакција?

ПОДЛАБОКО

30-40 МИН

ЧИТАЈ И ПРЕРАСКАЖИ

  • Едно лице го чита на глас текстот од Библијата.

  • Некој друг ја прераскажува приказната, а останатите го дополнуваат тоа што недостасува.

Создавање 1:1-25

1 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. 2 Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата.

3 И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. 4 И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. 5 Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи ве­чер, и настапи утро – прв ден.

6 Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ 7 И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. 8 И сводот Бог го нарече небо. И настапи вечер и настапи утро – втор ден.

9 И Бог рече: „Нека се собере водата што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. 10 Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро. 11 И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе!“ И стана така. 12 Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род, а и дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. 13 И настапи вечер, и настапи утро – трет ден.

14 Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод, за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; 15 и нека бидат тие светилници на не­бескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така. 16 Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите; 17 и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, 18 и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. 19 И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден.

20 Потоа рече Бог: „Водата нека се ис­полни со живи суштества, а низ не­бескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ 21 И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, спо­ред нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро. 22 И ги благослови Бог, велејќи: „Пло­дете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“ 23 И настапи вечер, и настапи утро – петти ден.

24 Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така. 25 И Бог создаде ѕверови земни, спо­ред родот нивен, и добиток според ро­дот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивен. И Бог виде дека тоа е добро.

ПРАШАЊАТА

  • Што стихот вели за Бог, Исус или за неговиот план?

  • Што стихот кажува за луѓето?

ЛИЧНА ПРИМЕНА

15-20 МИН

  • Според ова проучување, што правам добро?

  • Што треба да променам / исполнам?

  • Кој треба да ја слушне оваа приказна и како можам да им кажам?

  • Кого можам да поканам на проучување на Библијата?

bottom of page