Soul Craft
Banner
icons

"Where will you be seated in eternity? Smoking or non-smoking?"


Малиот Перо ја отвора старата библија и воодушевено ги прелистува страниците. Прелистувајќи така, од библијата на подот паѓа стар исушен лист. Перо шокиран ја вика мајка му. “Мамооо, мислам дека му паднаа гаките на Адам!!!“


 

Elvis Presley - "Amazing Grace"


 



Soulcraft

…е контекст во кој луѓе од различни етнички, религиозни, социјални позадини можат да го започнат и култивираат своето заедништво со Исус Христос. Контекстот се состои од трагачи, почетници, повратници, атеисти, пацифисти и ред други луѓе кои се собираат за да се инспирираат во својот од со Бог, кои се дел од разновидните активности кои помагаат во нашиот духовен развој како што се: редовните, неделни Soulcraft богослужби на Рузвелтова 16 (мапа) со почеток од 19:00 часот, семинари за брачни парови, летни собири, предавања, дискусиони групи. Се надеваме дека и вие ќе бидете во можност да бидете дел од овие активности, и дека ќе можете да го започнете, да го продлабочите и култивирате вашиот духовен живот заедно со нас.

 

Размислувајќи за Soulcraft, за фундаментот, за концептот и феноменологијата на ум ми доаѓаат три личности: Исус, Кандински, и Мирослав Волф. Зошто првиот е излишно да се зборува. Кандински? Поради неговиот став кон уметноста и што таа треба да претставува. Во неговото дело За Духовното во Уметноста тој вели дека секоја уметност треба да биде рожба на времето во кое се создава. Уметникот во таа смисла или твори современо и автентично или раѓа мртвородени дела.

Каква врска има ова со црквата денес? Голема во секој случај. Или таа ќе биде во тек со изразните форми на времето во кое живее, или ризикува да биде сведена на религиозен орнамент или национален украс од минатото – без да има релевантност во сегашноста.


Ова не значи дека Исусовата порака и црквената традиција се поништува. Напротив, таа ќе остане стожерот на црквата засекогаш но, истовремено, црквата ќе мора да ја превземе големата задача на преведување на Божјата вечна содржина и вистина на современ начин и форми.

И сега д-р Мирослав Волф. Според него, токму во генијалниот превод на еврејските концепти и порака на Новиот Завет за пошироката римо-хеленска култура и секако нивното збогатување се крие макотрпниот гениј на Раните Црковни Оци. Тука се крие и задачата која црквата мора да си ја постави пред себе денес ако сака да биде потомок на Оците не по тело туку по Дух.

Ваш и од името на Soulcraft,

Никола
This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
 

 
6thStar
RSS Follow Us on Twitter Join Us on Facebook