|
На христијаните во Уганда ќе им бидат издавани лични карти за верска идентификација, како реакција од бомбашките напади кои се случија на 11 Јули во кој загинаа 74 луѓе, гледајќи натпревар од светското фудбалско првенство.
За нивна безбедност одлучено е овие лични карти да се проверуваат пред влезот во локалните цркви. Со оваа мерка би се спречило влегување на луѓе кои не припаѓаат на црквите а со тоа би се спречило и можност од евентуален самоубиствен напад. Сомалиската милитантна група Ал-шахаб која има врски со Ал Каеда, ја превзеде одговорноста за неодамнешниот терористички напад. Инаку, Уганда е земја во која живеат 84 проценти христијани и 12 проценти муслимани, и до сега тие живееле заедно во мир и хармонија. |