|
Ватикан и официјално ги обелодени сликите најдени во близина на претходно пронајдените слики на Јован и Андреј во подземна катакомба под канцелариска зграда во центарот на Рим.
Сликите датираат од втората половина на 4-от век и се откриени со помош на ласерска техника која овозможува на реставраторите да се ослободат од калциумот кој се наталожувал со векови без притоа да ги оштетат брилијантните темни боји на сликата. Иконата е најдена на таванот од гробницата на жена на римски аристократ во Санта Текла (Santa Tecla) катакомбата, многу блиску до локацијата каде што се претпоставува дека е закопан Св.Павле. Главниот реставратор Барбара Мазеи, вели дека повеќето од римските катакомби се отворени за посети, освен Санта Текла катакомбите кои ќе бидат отворени само за мали групи посетители, со единствена цел да се сочуваат вредните слики.
|