|
Митови и факти за децата сираци објавени од Ezine магазинот. Вреди да се прочита...
Мит : Сираците се оштетена роба.- Факт: Повеќето сираци ќе се развијат физички покасно, поради лошата исхрана и недостатокот на семејна средина. Сепак, повеќето се развиваат сосема добро штом се прифатени во семејства.
- Мит: Сираците-деца дури и после успешно посвојување, нема да можат да водат нормален живот како возрасни.
- Факт: Студиите покажуваат дека посвоените деца дека имаат ист процент на успех во професионалниот живот и животот воопшто како и биолошките деца.
- Мит: Никогаш неможе да сакате посвоено дете како свое сопствено.
- Факт: Љубовта расте со време... кај некои побрзо, кај некои поспоро. Сепак, скоро сите родители кои имаат посвоено, ги сакаат во иста мера посвоените деца со своите биолошки.
- Мит: Детето посвоено од прифатилиште никогаш неможе да се опорави од негрижата која ја има преживеано.
- Факт: Децата се многу флексибилни. Иако во одредена мерка ќе биде потребна помош и водство за да се вратат во вистинската насока, повеќето деца ќе живеат сосема нормален живот после посвојувањето.
- Мит: Повеќето земји имаат програми кои обезбедуваат храна, нега и образование за децата сираци.
- Факт: Повеќето земји немаат програми за нивните деца сираци. Некои земји имаат толку малку прифатилишта, што многу деца умираат на улица. Русија, на пример, одвојува по 6 денари (12 Американски центи) дневно за дете во прифатилиште.
- Мит: Има илјадници деца сираци низ светот.
- Факт: Има повеќе од 100 милиони деца сираци низ светот. Минатата година, Соединетите Американски Држави беа земја која има посвоено најмногу деца од трети земји... а тоа се само 8000 посвојувања.
- Мит: Сите деца кои живеат во прифатилиште можат да се посвојат.
- Факт: Само половината од децата кои живеат во прифатилишта можат да се посвојат. Многу деца се оставени од сиромашни семејства кои неможат да се грижат за нив, но сепак немаат оставено можност тие деца да бидат посвоени.
|