|
Разочарувачки информации за состојбата на децата сираци во светот. TCW објави неколку факти кои верувам ниту еден човек неможат да го остават рамнодушен. Дали сте знаеле дека во светот има скоро 144 милиони деца сираци...
- На секои две секунди умира по едно сираче од неухранетост.
- 87.6 милиони сирачиња живеат во Азија, 43.4 милиони во суб-сахарска африка, 12.4 милиони во латинска америка и карибите.
- 6000 сирачиња дневно се резултат на сидата. Тоа значи сираче секои 14 секунди.
- Глобално 15.200.000 деца се сираци од кризата со сида.
- Неухранетоста игра улога во повеќе од половина од смртните случаеви на децата сираци. Секоја година, неухранетоста е врзана со смртта на 5 милиони деца помали од 5 години.
- Дури почесто, неухранетоста го осакатува дечјиот развој, ги прави поподложни на болести, го отупува нивниот интелект, ја намалува мотивацијата и нивната продуктивност.
- Индија има повеќе сираци него било која друга земја. Вкупно 35 милиони во 2003 година. Скоро секое десето дете во индија е сирак.
- Во Индија секое второ дете под 5 годишна возраст е под нормалната тежина.
- Милиони деца страдаат од микронутритивна неухранетост, состојба во која телото ги нема основните минерали и витамини. Овие недостатоци можат да водат кон тешки ментални и физички последици, опасна по живот анемија, слепило, и крајно ослабен имунитет.
- 854 милиони луѓе во светот немаат доволно храна. Бројка на луѓе поголема од вкупниот број на жители на САД, Канада и Европската унија.
- До 2020 година, јужниот дел на Африка ќе изгуби петтина од земјоделците како резултат од сида. Со намалување на оваа работна сила, храната ќе биде уште подефицитарна во овие краеви.
- Во суб-сахарска Африка, скоро 20% од возрасната популација е погодена од сидата, сирачињата не само што ги губат своите родители, туку и своите учители, здравствени работници кои умираат како резултат на оваа болест.
- Се проценува дека до 2010 во суб-сахарарска Африка повеќе од 18 милиони деца (повеќе од сите деца во Велика Британија) да изгубат барем еден родител од сида.
- До 2010 година, вкупниот број на сираци, од сите причини, во суб-сахарска Африка ќе достигне 50 милиони.
|