|
Наместо да ја исечат целата шума од 60 хектари, која припаѓа на нивниот манастир, 15-те православни калуѓерки од долината Рол во Франција предложија нов систем на експлоатација на дрва, а притоа да се сочува шумата.
Солан е заедница на 15 православни калуѓерки од долината Рон во Франција, основана во 1991 година. Калуѓерките го основаа нивниот манастир на напуштена фарма, без вода и струја. На нивно големо задоволство, веднаш по купувањето на имотот, тие дознаа дека во 13 век фармата припаѓала на манастирот Понт Сент Есприт. Имотот на манастирот доаѓа со 60 хектари земја и шума. Христијанско-православно верување е дека како што на луѓето им треба време да го постигнат својот полн потенцијал, така и земјата и почвата треба да се негува и пази. Калуѓерките започнаа да одгледуваат костени, смокви и да прозведуваат органско вино и џем од кајсии. Најголемиот предизвик беше шумата. Локалните власти, т.е. општината им понуди 75 проценти субвенција доколку ја исечат целата шума, и повторно ја засадат и остават 30 години. Но тие сакаа да се грижат за шумата и имаа поинаков план. Со помош на еден локален шумар тие изготвија план како шумата да и помогне финансиски на манастирот, а сепак да не се уништи. Тие одредија 10 хектари шума за сечење. Шумарите ги исекоа дрвата во таа област и веднаш потоа засадија 5000 млади дрвца. Резултатот беше да се има константно зрела шума со различен степен на развој. Општина го прифати овој систем и ја промени процедурата за субвенции, додавајќи го и овој начин како опција за експлоатација на шумите. |