|
Корисни совети за штедење енергија наменети за најмладата популација. Иако упатени до децата, добро е и постарите да ги практикуваат, а со тоа да покажат пример како подобро да се грижиме за планетата земја.
Не се многу и лесни се за паметење. 1.Затворете ја чешмата кога си ги миете забите. 2. Изгаснете го светлото од просторијата кога излегувате. 3. Не стојте пред фрижидерот со отворена врата. Тој троши повеќе енергија така. 4. За време на зимскиот период, облекувајте се во потопла облека дома за помалку да ја загревате собата. 5. Обидете се да ги рециклирате отпадоците. Доколку имате контејнери во вашето маало кои примаат исклучиво пластика, хартија или стакло, одделете ги истите дома и фрлете ги отпадоците во соодветните контејнери. 6. Разговарајте со другарчињата за ова и охрабрете ги да го прават истото. |