|
Историчарот Лин Вајт (Lynn White) во 1967 година го објави познатото дело ’Историските корени на нашата еколошка криза’. Господинот Вајт, декларирајќи се како христијанин во своето дело заклучил дека многу од нашите проблеми со природната средина можат да се посочат кон фактот што Господ ја дава земјата на луѓето за нивно користење и специфично ги упатил луѓето да доминираат над земјата и над сите животински форми.
Со ова не се согласува најголемиот дел од теолозите и христијанските мислители. Всушност христијанството се смета дека е исклучително еколошки насочено, неспоредливо со останатите религии. Од првата глава на првата книга мојсеева (создавање) па се до последната книга Откровение, луѓето се повикувани да се грижат за созданието. Господ ги зема за одговорни луѓето за состојбата на земјата и ќе им суди за квалитетот на нивното управување. Еколошката улога на човекот во Библијата е толку важна и сериозна, што во последната книга Откровение за критериум се дава како луѓето се однесуваат со земјата, по кој Господ ќе му суди на секој човек (Отк. 11:18) |