Soul Craft
Banner
icons

"Where will you be seated in eternity? Smoking or non-smoking?"


Малиот Перо ја отвора старата библија и воодушевено ги прелистува страниците. Прелистувајќи така, од библијата на подот паѓа стар исушен лист. Перо шокиран ја вика мајка му. “Мамооо, мислам дека му паднаа гаките на Адам!!!“


 

Elvis Presley - "Amazing Grace"


 



Дали Новиот Завет е доверлив извор за вистината за Исус?

Многу често кај нас во Македонија (па и насекаде), луѓето се прашуваат за автентичноста на преводот на Новиот Завет.

“Се е убаво што пишува во Библијата, ама од кај да знам дека е истиот текст со оргиналот? -  Го праша комшијата попот.

Еве што би можел попот да му каже на комшијата...

Историграфијата е студиозна гранка која се фокусира на логичките, концептуалните и епистимолошките аспекти на тоа што историчарите работат (тука комшијата бледо гледа). Критичната историграфија ги проучува, помеѓу останатите работи, различните тестови кои треба да се применат на документите за да се одреди дали се историски доверливи или не. Кога повеќето од овие тестови се аплицираат на документите од Новиот Завет, тие покажуваат дека се доверливи, или поточно супериорни во споредба со останатите антички документи (тука комшијата клима со главата демек разбрал нешто).

На пример, апологистите често применувале три општи тестови за историзација (historicity): библиографски тест, интерен тест и екстерен тест. Интерниот тест покажува дали документот тврди дека ја прикажува фактичката историја напишана од сведоци.  Екстерниот тест покажува дали материјални докази (во овој случај археолошки докази или пишување на раните Отци на црквата) ја потврдуваат доверливоста на документот. Новиот завет е неверојатно потврден со надворешниот тест. Библиографскиот тест има за цел да одреди колку копии имаме од ракописите и колку со времето се извадени од оргиналот. Неколку примери за документи се прикажани во табелата доле. (тука комшијата си сркнува кафе и климнува со главата)

 

Во однос на ова, Новиот Завет има потврда од неверојатен број на ракописи. Приближно 5000 грчки ракописи, кои ги содржат сите или делови од Новиот Завет сеуште постојат. Има и 8000 копии од ракописи на Вулгатата (латинскиот превод на Библијата) и повеќе од 350 копии од Сиријак (христијански арамејски) верзии на Новиот Завет. Покрај ова, буквално целиот Нов Завет може да се репродуцира од цитатите содржани во материјалите на Отците од раната црква. Постојат 33 000 вакви цитати во пишана форма.

Ако на комшијата уште не му е јасно, нека ѕирне тука

 

 

 

 
6thStar
RSS Follow Us on Twitter Join Us on Facebook