Кој е Свети Валентајн? Дали можеби бил романтична душа и заљубен во некоја девојка, па на секој 14ти февруари и праќал поклони и цвеќиња?
Јас така мислев додека не прочитав што била целата работа...
...Според CristianityToday,Свети Валентајн (St. Valentine) се всушност двајца луѓе (кои инаку не биле во романтична врска) а биле мачени на ист ден. Комеморацијата за нивната смрт била одржана на 14 февруари. Еден од нив бил свештеник и физичар кој умрел во Рим за време на прогонот над христијаните од Клаудиус Гротикус - Втори. Другиот бил бискупот од Терни во Италија, кој исто така бил измачуван во Рим. Двајцата се закопани на различни места во Италија. Зошто луѓето си праќаат љубовни подароци на тој ден? Потеклото на оваа традиција се смета дека нема врска со самиот ден на светците. Всушност може да се каже дека доаѓа од раните европски верувања дека во втората недела во февруари е периодот кога птиците започнуваат да се парат. Идејата сугерира дека заљубените треба да си разменуваат поклони на 14 февруари како надополнување на тоа што веќе природата го практицира. Последните неколку години кај нас, а веќе подолго време во западните земји, Св.Валентајн се слави како ден на љубовта и романсата. |